Ова требаше многу порано да се случи

Ова требаше многу порано да се случи.
Марјан со години рекетира, уценува, навредува и понижува кој ќе стигне. Жените му се посебен предизвик за шиканирање. Неколку пати е тепан, поради тоа што навредените/клеветените сметале дека тоа е најбрз и единствен начин за распаметување наместо да тужат лице кое води портал кој нема импресум, нема потпишан автор, нема уредник, нема правно лице, нема постојана адреса.
До сега освен јас, не знам дали друг некој го добил на суд за навреда и клевета. По кажување на странките, велат не, затоа што не се одзивал на судските покани и често менувал адреси на живеење, а некои ги завршиле процесите со негативни пресуди затоа што не можеле да докажат дека тој е автор и/или уредник на објавите кои се на срамниот портал Доказ.
Моите позитивни и конечни две пресуди се од неодамна, па ќе видиме кога ќе има наплата, со оглед на тоа што господинот повеќе претпочитал да работи со ќеш, отколку со трансакциска сметка. Но, Маци знае дека јас сум упорна адвокатка и не простувам неправди така лесно😊😅 Ќе си чекам, како што он сега си чека некој од “поддржувачите” да го спаси од апсаана.
ФБ статус на адвокатката Маја Ристова

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e