Oва страшно мириса на евтина приказна смислена од генијалниот ум на најдобрата менаџерка во Европа

За тротинетите.
Некако сомнително толку голем број тротинети да бидат упропастени, фрлени во канти за ѓубре, украдени, а нема ни десет дена од почетокот на проектот за нивно изнајмување.
Уште повеќе сомнеж фрла фактот што нема информација за тоа колку чини набавката на тие 500 тротинети, како се набавени, дали се набавени од средства на надлежното претпријатие Градски паркинг или од градскиот буџет на Град Скопје, зошто проектот е промовиран тајно, без да се поканат новинари на настанот…
Значи, јавноста не знае ништо за овој проект, уште помалку за условите за одржување/осигурување на овие тротинети. Кој и дали треба да плати за нивно потенцијално оштетување, меѓу другото.
Уште повеќе, каде е јавното добро од проект кој предвидува граѓаните да издвојат 9 денари за минута користење на електричен тротинет од овој проект?
Многу е лесно да се напаѓа народот и колку е тој „немарлив и негрижлив,“ колку „не нѐ бива, брат.“
Но, ако малку се задлабочиме, ова страшно мириса на евтина приказна смислена од генијалниот ум на најдобрата менаџерка во Европа, светот и подалеку, моментално градоначалничка на Град Скопје, а реализирана од страна на нејзините партиски полтрони, сега поставени за директори на градските институции.

ФБ став на Кристина Костова 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e