Одберете Обнова- боксовите се загарантирани

Каква е таа наивност од Мила Царовска? Нејзиното тврдење само е одраз на надежта, но не и на фактичката состојба- дека бомбата за Игор Јанушев ги вознемирила сите жени во државата. Неговите закани кои се слушаат на аудио-снимка се онаа стара, добро позната приказна за оваа партија многу одамна.

Ништо ново не може да биде снимката во која Јанушев му соопштува најава во крв на Јанакиески- дека ќе удри бокс на извесна Даниела, која не ги следела упатствата на ВМРО-ДПМНЕ. Насоките на соговорниците- Јанушев -Јанакиевски јасно се однесуваат на креирање сигурни гласачки списоци за оваа партија, како предуслов за изборна победа, се разбира добиена преку тежок фалсификат, но преку отворени притисоци, закани, малтретирања на граѓаните.

Но, зошто би се вознемириле жените за таа боксерска закана? Зарем Царовска не знае дека во оваа држава никој одамна веќе не се вознемирува од насилството и заканите на ВМРО-ДПМНЕ?

Затоа што, историјата на насилства од секаков вид се повторува, боксовите на оваа партија се нејзина специјалност, особено сместувањето во ендеци, за да ги задоволи своите убиствените пориви од кои не може да се ослободи никогаш.

Партијата на Јанушев само така  можеше да опстане на власт, повеќе од една деценија, доволно време вознемирувањата да прејдат во навика, особено болна, затоа што никогаш не беа казнувани овие нивни насилства. Историјата е перфидна, таа само ги пегла и протресува за да добијат нова свежина  старите, збрчкани и мувлосани архиви, запомнети и складирани како рани, некои како лузни, но секако дека се видливи и тешко зараснати.

Тоа нивно владеење во 11 години, донесе ужасни навики да се поднесува стравот, да се носи секој со трепетот, да се голтаат притисоци, да се  помируваат со уцените, да се живее со заканите за живот, за семејството, за да може секој нов ден некако да помине, за да се заборави ако може, што се разбира и дека никогаш не се случи.

Затоа, слободно нека продолжат со изборниот слоган- Одбери обнова. Зад таа нивна Обнова стојат сите луѓе на Груевски, дури и Гордана Силјановска, секако, дури и таа, која се колне веќе втора година дека е непартиски кандидат, случаен минувач низ криминалното царство на Белата палата. Таа, идентификувајќи се со партијата, одбирајќи ја страната под кое партиско знаме застанува и во кој штаб се засолнува, ја зациментира сопствената улога во страната на историјата на која решила да и припаѓа.

За неа тоа е вистинскиот избор- Обнова на криминалот и теророт што и не звучи така лошо за изборен слоган на оваа партија, зарем не?

Биљана Секуловска за НОВА ТВ 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e