Од било кој аспект, споредбата на Филипче со Николоски е – непристојна!

Биографии на носителите на кандидатските листи на коалициите предводени од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4, д-р Венко Филипче и Александар Николоски:
• Д-Р ВЕНКО ФИЛИПЧЕ, неврохирург, роден 1977 година во Скопје. Во 2001 г. дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје со просечен успех 9,65, а 7 години подоцна ја завршил специјализацијата по неврохирургија. Магистериумот по неврохирургија го одбранил во 2011, а докторската дисертација во 2015 година.
Во 2012 г. завршил fellowship по интервентна неврорадиологија, со што станува првиот неврохирург во Македонија и околните земји кој ја основа хибридната неврохирургија на матичната клиника во Скопје.
Во текот на својата работа се усовршувал во неврохируршки центри во Грац, Белград, Дејтон, Колумбус, Истанбул, Цирих.
Во периодот од декември 2017 до јануари 2022 година, д-р Венко Филипче беше министер за здравство.
• АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ, политиколог, роден 1984 година во Охрид. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Актуелен пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Од 2004 до 2008 бил претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, а од 2004 до 2013 член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, каде повторно бил избран во 2017 година. Во повеќе наврати бил член на македонското Собрание, со вкупен пратенички стаж од петнаесетина години.
Во биографијата на Александар Николоски, не постојат податоци за било каков професионален ангажман надвор од партијата.
РЕЗИМЕ: Од било кој аспект, споредбата на Филипче со Николоски е – непристојна!
ФБ став на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e