О, да, Мицкоски одлично сè разбира

Да се потсетиме на стравовите на владеењето на Груевски, да не може да се избави никој, да се биде секогаш присутен во потпалувањето на таа колективна меморија. Тоа е улогата на Мицкоски, и тој одлично ја игра, беспрекорно. Секогаш да се преминува работ, да се мавта со заплашувања, закани, црни сценарија на нови непријатели, војни, опсади.

Албанци, Бугари, Грци, списокот е секогаш подготвен, нè чека како војска на готовс, нов можеби не, но историјата секогаш е тука да не удри сите, да се потсетиме- балканската крв врие, во котелот влегуваме еден по еден, во строј. Лидерите како Мицкоски исчезнуваа од мапата, но штетите додека беа на сцена беа непоправливи.

На Мицкоски му е кристално јасно дека гази на тенка жица, буквално чекори на работ со обвинувањата кон СДСМ- дека подготвуваат федерализација, затоа тие драматични и високи тонови, за кои секако дека и тој знае дека се темелат на опасни лаги и манипулација.

Но, уште поопасно во ова сеење зла крв е продуцирањето на замрзнување на крвта, поттикнување на омраза и гнев кон Албанците, од што никогаш тој нема да може да се ослободи, еднакво, како и неговиот претходник Груевски.

Целата колумна на Биљана Секуловска за Нова ТВ на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e