Не знам дали некој виде фајде од таканаречената „есенска кошничка“ на Владата, ама знам дека денеска завршува оваа мерка и дека од утре, 1 ноември, поскапува храната.
Владата ја укина и субвенционираната струја, шо значи дека граѓаните ќе добијат сметки кои ќе бидат значително повисоки од ланските.
Мицковци го укинаа и јавниот повик кој го распишуваше претходната Влада на СДСМ, со кој Министерството за економија ја субвенционираше потрошената електрична енергија за ранливите категории на граѓани, така што и по таа основа државата го празни џебот на граѓаните.
Инаку за се’ друго, Владата на ДПМНЕ се грижи и од ум не ги вади своите граѓани!
Честит 1 Ноември, Ноќта на вештерките!
ФБ став на Зоран Милошески