Најголемиот „антисеверџан“ изјави оти „Преспанскиот договор бил брилијантно ремек-дело“

Едно е сигурно: вакви хохштаплери и лицемери како Мицко и дружината, досега во Македонија немало! Цели 6 години ширеа хистерија за „национално предавство“, не’ именуваа како „северџани“, се закануваа, пцуеја, бараа линч за Заев, на сите јавни настани вриштеа „никогаш Северна“, за да сега, на Самитот на европските дипломати, најголемиот „антисеверџан“ изјави оти „Преспанскиот договор бил брилијантно ремек-дело на европската дипломатија“.
И зошто ние воопшто се жалиме дека Мицко и некој сличен домашен или белосветски преварант со своите изјави и постапки „ни ја потценуваат интелигенцијата“? Оти, не само што сите истражувања на релевантни институции покажуваат дека токму Македонците и Албанците имаат најнизок просечен коефициент на интелигенција во Европа, туку фактот дека и оваа перверзија на премиерот и претседател на ДПМНЕ ќе помини како ништо да не било, го потврдува тоа.
Глуп народ – силна држава!
ФБ став на Зоран Милошески 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e