Николовска: Клучната порака од саемот во Белград е можноста за заеднички пазар за земјоделските производи и нивни преработки

Што би рекол домаќинот Вучиќ, на многу саеми сум била, ама денешното отворање на првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, ме освои со модерноста, големината, бројноста на излагачите и измешаното друштво од политичари, функционери, бизнисмени и новинари, кои ги спојува заедничкиот ентузијазам дека ова денеска е вистинска работа.
Говорите на лидерите на трите земји беа политички, дел лични со порака која главно се однесува на можноста која треба да ја искористат винариите за наоѓање на нови пазари, партнерства. Но констатацијата на премиерот Ковачевски, за можноста за заедничкиот пазар за земјоделските производи и нивни преработки, беше според мене клучната порака и шанса на која се надеваат нашите земјоделци и стопанственици. И на тоа треба да се стави главниот акцент во иднина.
Останувам на саемот уште два дена, доволно за да ви пренесам и вам дел од атмосферата овде, новите познанства, искуства и сугестии од страна на излагачите на саемот за продолжување на оваа мисија на владите од регионот.

ФБ статус на Ленче Николовска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e