Со Николоски А. и неговите десничарски мантри против Албанците, не знам каква иднина овде може да нè чека

Да ви кажам искрено, кога го слушам Александар Николоски кај што вели, „ние ќе дојдеме до 61 пратеник за да не можат Албанците да не уценуваат“, на ваква изјава, пристоен човек не може да не го разбере освен како еден симптом на „припитомен неофашизам“ или неонацизам.

Добрата работа во оваа глупава и дискриминаторска изјава е што Николоски и неговите се во опозиција, така што не би можеле да отвaраат „концентрациони логори“, ама прават сè само за да ги оправдаат и дефинираат причините на оние кои во 30-тите и 40-тите години од минатиот век практично тоа го правеа.

За Николовски и неговите, Албанците се закана која ги попречува за да стигнат до изврашната власт; што значи, од Албанците се обидуваат да направат ултимативно зло. А немојте да бидеме наивни: кога дереш по еден малцински народ, што те запира да дереш по секое друго малцинство? Што те запира утре на ист принцип така да ги дефинираш и Ромите, и Турците, и Бошњаците, и Србите, и Бугарите, и Хрватите, и Црногорците…?

Фашизмот не е збор без содржина, во таа содржина Николоски го дефинира и својот светонадзор: ние сме најбројни, а вие ќе работите и егзистирате на нашата добра волја. Што значи, ако бидете добри, ако не ни се противите, ќе имате од колачот, ако не биде така, тогаш ќе имаме 61 пратеник за вие да не можете да не уценувате.

Кажете ми, ве молам, каква Европа може да не очекува со светонадзорот на Николоски?

Да бидам уште малку искрен. Ваквите изјави на Николоски прават луѓето од оваа земја да си одат. И луѓето не си одат од тука заради економски, туку си одат од тука заради политички причини.

Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Фронтлајн на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e