Не се кријте зад народот

Стопирањето на преговорите со ЕУ, затскривајќи се зад референдум, е кукавичко оправдување дека така се определил народот. Каква е таа определба ако дење-ноќе се труби дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, ама Македонците ќе исчезнат, ќе исчезне македонскиот јазик, а сите други што живеат во Македонија ќе останат со своите идентитетски посебности.

При ваква лажно фабрикувана и застрашувачка опасност што наидува на „плодна почва“ од оправданата огорченост на граѓаните од комшиските блокади и неодлучноста и себичноста на ЕУ со кои се соочува Македонија со години, не постои ниту едно референдумско прашање што ќе даде одговор што го отвора патот за членство во ЕУ. Заканата со бугаризација, асимилација и со исчезнување на македонскиот јазик во суштина е многу навредливо, бидејќи со неподнослива леснотија во битките за власт се заговара процес во кој Македонците се прикажуваат како аморфна маса која лесно може да се меси и асимилира. Тоа е невозможно по сите векови на опстојување под разни владеења.
Таков мирновременски „геноцид“ на самоуништување е можен само ако ја изгубиме државата. А тоа може да се случи ако Македонија остане изолирана, а сите соседи станат членки на ЕУ во наредните 10 до 15 години. Затоа Владата, Собранието, што значи и власта и опозицијата, претседателот на државата, интелектуалните и деловни елити, медиумите, верските заедници се должни решително да го преземат својот дел од одговорноста и да не се кријат зад народот, префрлајќи ја својата одговорност не само за иднината на сите граѓани, туку и за опстанокот на државата.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e