Не бре Африм Гаши. Не е ова албанофобија и исламофобија – Најчевска за интерпелацијата на Гаши

Професорката Мирјана Најчевска „удри“ по собранискиот спикер Африм Гаши, кој вчера оцени дека предлог за негова интерпелација е албанофобија и исламофобија.

Ако го обвиниш Африм Гаши дека ги прекршил законите и Уставот тоа е албанофобија. Ако го повикаш Афрм Гаши на одговорност за прекршување на Уставот и законите – тоа е исламофобија. Демократијата и владеењето на правото во една држава се обратно пропорционални со нивото на неказнивост на високите функционери во власта, вели Најчевска и додава:

Според ситуацијата со Африм Гаши, демократијата и владеењето на правото во Македонија се на 0. Не бре Африм Гаши. Не е ова албанофобија и исламофобија. Ова е едноставно борба со криминалци кои се претставуваат како политичари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e