Навреда е да се споредуваат граѓанските протести на ШаренаРеволуција и „ОВАА“!

При “Шарена Револуција“, полицијата беше штитена од редица на девојки кои изастануваа пред нив да ги заштитат од -‘луѓе со фантомки’ ( припадници на пара-војска на Мијалков, како и членови на Левица кои беа единствена партија, здружение и сл., кои се приклучија на ГРАЃАНИТЕ а не сакаа да ги почитуваат правилата и идејата за ‘ненасилни граѓански протести“, како – немање на партиски обележја (тие единствени носеа свои знамиња и пароли), и честопати – беснееа кога беа спречувани при секој обид да ги радикализираат протестите, секако, носеа и – торби со бекатон коцки и молотови коктели… И по пропустот кај ‘канцеларијата на Хорхе’, потоа, никогаш не успеаа да ги употребат! Оти веднаш се пушти препорака – “таквите лица’ да бидат обиколени од група на граѓани и да бидат изолирани и ненасилно остранети од протестот, дури и да бидат предадени на полиција ако не сакаат да си заминат….
п.с.
Честопати на кордонот полицајци им делевме пластични мантили за дожд, на места каде постоеше можност да биде испрскана униформата на македонската полиција од балоните со боја -кои ги користевме како дел од осмислените перформанси за протестите.
Се сеќавата: Имаше многу кративно-уметнички герила акции – инсталации низ градот (еден од пр. “Ајкулите во Вардар“), театарска престава – протест “Теалетабиси“ – чии делови пота спонтано почнаа да се цитираат на протестите, радио-драми, карикатури, анимирани филмови, секако и секојдневни тематски осмислени перформанси како дел од протестите – и сл.

ФБ статус на Југослав Петровски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e