Наумоски за ИКС: Еве ги со бетмени и вергини ја бранат македонштината

Лани ова време Институт за Комуникациски Студии бунтуваше Дебармаалци за наводно уништен дрворед, а една година подоцна еве ги со бетмени и вергини ја бранат македонштината.
Собрани на едно место со луѓе што беа обвинети за државен удар, за насилство врз пратеници, користејќи го единствено знамето на Тодор Петров кое создаваше проблеми со еден друг сосед 30 години, луѓе кои мразат муслимани, странци, секакви малцинства, луѓе кои блујат говор на омраза насекаде и против секого.
Ама ги обединила љубовта кон Македонија и желбата да ја спасат.
Алал да им е на британска, германска, холандска, америчка амбасада! Вашите даночни обврзници ќе плаќаат даноци за плати за еко-ќосињата, за да играат они по нотите на Путин после работно време. Не знам зашто не им дадете грантови да си прават прилози за семејни вредности, за патриотизам, за историски дебати со соседите? Зашто мора денски да снимаат документарци за национални паркови, загадување и мали хидроцентрали, а навечер да се бават со грутката?
ФБ статус на Никола Наумоски 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e