Народот на Дурловски

„Оној кој лаже мора да биде поразен од народот“, извикува вехементно Игор Дурловски, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Ваквите пораки што се испраќаат во јавноста во изборната кампања веројатно имаат за цел да покажат дека е можен потфатот точно и прецизно да се утврди што е лагата која ја уништува „вербата во Македонија“, која треба да биде демаскирана, разобличена и – победена. И тоа преку партиска диоптрија. Работата во свои раце, се разбира, треба да ја земе народот, кој секогаш во популистичките генерализации се подведува под хомоген поим.

Дурловски во таа смисла ни за влакно не се оддалечува од челниците на партијата под чија закрила влезе во изборниот натпревар како, на пример, почесниот претседател Груевски, кој постојано се повикуваше на народот како носител на „товарот на вистината“, како врховен судија „кој ќе го каже својот збор“.

Движејќи се по линијата на таква предизборна реторика, уште еден вмровски кандидат за пратеник, Гордана Силјановска, мошне лесно, како од ракав извлекува некакви факти, познати веројатно само на неа и на нејзините истомисленици, според кои и меѓу македонските иселеници се случува хомогенизација на народот – „во дијаспората каде што луѓето сè почесто велат сите сме ВМРО“, тврди Силјановска – секако според вмровската исклучивост во застапувањето на вистината.
Целата колумна на Ивица Челиковиќ за Слободен печат на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e