Најнова контрадикција на Мицко

НАЈНОВА КОНТРАДИКЦИЈА НА МИЦКО
Внимателно го слушав Мицковски на „Тема на денот“ на ТВ Сител. Тој изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е за полноправно членство во НАТО и ЕУ. Прашан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на Преспанскиот договор изјави дека ја признава створената реалност, дека со Договорот на македонскиот народ му е нанесена неправда, дека никогаш нема да ја повтори „придавката“ во името на Републикава и дека политички ќе функционира и ќе работи таа неправда и таа реалност да се исправи. Додаде дека ВМРО е проевропска партија и дека ги дели европските вредности.
Преспанскиот договори е резултат на дводеценискиот меѓународен проект за решавање на спорот со името меѓу Републикава и Република Грција, воден под покровителство на ООН. Зад него стојат САД и Европската Унија. Работењето да се промени реалноста настаната со Преспанскиот договор со кој Републикава доби ново уставно име – Република Северна Македонија под кое е регистрирана во ООН, кое Мицко во текот на емисијата ни еднаш не го изговори, е работење против ООН, НАТО и ЕУ. Тоа ќе предизвика реакција кај јужниот сосед и ставање на ново вето на патот на Републикава кон ЕУ. Дури и неизговарањето на придавката „северна“ во името на Републикава во јавните настапи на Мицко и неговите партиски и коалициски компањони ќе предизвика такви реакции. Ќе уследат и реакции од ООН, НАТО, ЕУ и САД кои ќе го осудат нивното работење и ќе преземат соодветни против мерки кои нема да бидат ни малку пријатни за МИЦКО и неговата партиска и коалициска братија, а најтешко ќе ги погодат граѓаните на Републикава за кои тие „работеа и одработија“ единаесет години и сега вложуваат невидени усилби пак да дојдат на власт и, со помош на власта, пак да „работат и одработуваат.“
Работењето против Преспанскиот договор не оди заедно со проевропската ориентација на ДПМНЕ-то, со следењето на европските вредности и со желбата за полноправно членство во ЕУ. Контрадикцијата е очигледна.

ФБ статус на Темелко Ристески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e