Најчевска за случаjот со Димова: Во Македонија веќе луѓето не се согласуваат да се врати владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Не е член на ВМРО-ДПМНЕ, не е вработена од ВМРО-ДПМНЕ, не работи за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, ама зошто толку ме потсетува на ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби затоа што се однесува на ист начин кон медиумите и употребува истоветен речник и нуди исто ниво на информации и податоци или можеби затпа што не е важно како се вика партијата на која некој припаѓа, туку е важно дека таа партија е на власт.
Не, Димова. Не си поставена на тоа место за да го замениш ВМРО-ДПМНЕ, туку да направиш промена.
А промената е многу тешко видлива (ако воопшто ја има).
И не, не е загрозен угледот на Македонија доколку на виделина се изнесат неправилности во работењето на некоја институција. Напротив. Тоа зборува дека во Македонија веќе луѓето не се согласуваат да се врати владеењето на ВМРО-ДПМНЕ (под било кое име и да биде затскриено). И тоа се цени.
Надвор.
Овде внатре се пуштаат закани кон медиуми.
ФБ реакција на Мирјана Најчевска на веста „Лидија Димова се правда напаѓајки ги медиумите“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e