Најчевска: Дали ќе бидеме сведоци на блокирано Собрание заради поднесени илјадници амандмани?

Партијата која се нарекува Левица поднела 1900 приговори во врска со изборите спроведени на 15.07.2020 година.
Браво.
Со ова партијата која се нарекува Левица покажа дека има неверојатни (некој би рекол – волшебни) капацитети.

Споре Изборниот законик (член 147) “Приговорите се поднесуваат во писмена форма и содржат:
– место, време, опис на направената повреда, сторителот и доказите на кои подносителот се повикува;
– име, презиме и потпис на подносителот на приговорот, односно на овластениот претставник и
– електронско сандаче за прием на писмена.“

Вака поставен процесот за поднесување приговори, временската рамка во која треба да се даде приговорот и имајки ги предвид пречките кои се појавуваат при прибирањето на доказите, сам по себе го отежнува и го прави скоро невозможно поднесувањето на приговор.

Замислете сега во вакви услови да подготвите 1900 приговори (1900 страни) со опис на направената повреда и претходно прибрани (посочени) докази на кои се повикува подносителот за секој индивидуален случај.

Ви дозволувам сами да пресметате колку време, човечки капацитети и други ресурси се потребни за ваков подвиг.

Со ова никако не мислам да кажам дека нема место за приговори на изборниот процес и работењето на ДИК.

Само од секогаш ме интересирале волшепства и волшебници.

И малку ме загрижува, дали со ова партијата која се нарекува Левица наговестува како ќе делува во Собранието и дека повторно ќе бидеме сведоци на блокирано Собрание заради поднесени илјадници амандмани.

ФБ статус на Мирјана Најчевска 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e