Милошески за состојбите на Блискиот Исток: Народ кој има ваква власт, поголемо зло не може да го стрефи!

Од безбедносен аспект, шо се однесува до последиците по нашата држава од состојбите на Блискиот Исток, граѓаните на Македонија треба да бидат релаксирани. Оти држава која има Совет за безбедност со кој претседава Гордана Сиљановска, дипломат од светски маштрап, нема причини за било каква загриженост. Ако треба таа одма ќе киниса за кризниот регион и за час ќе го реши конфликтот. Башка, ко ќе земи да му раскажува за Силјан Штркот, па плус уште ко ќе видат со какво авионче дошла, сите злобници кои го потпалија воениот фитил масовно ќе се самозапалат!
Да не заборавиме дека Македонија има уште еден великан во областа на надворешната политика – Тимчо Муцунски! Кој, ако го пуштат од дома, исто така ќе присуствува на седницата на Советот за безбедност. Македонскиот Кисинџер, Тимчо, вчера се огласи и му прати абер на Трамп ич да не се секира, оти Америка била во периметарот на Македонија. Демек, ние како воена велесила стоиме зад САД, па ако се најдат во зорт, ако му снема оружје, одма ќе му го пратиме Црешовото топче со кое Американците пуздер ќе направат и на Блискиот Исток, и на Далечниот Запад!
Муабетот ми беше – опуштете се, гледајте Алфа и МРТВ, слушајте ги изјавите и напатствијата на гореспоменатите и накривете ја капата. Оти народ кој има ваква власт, поголемо зло не може да го стрефи!

ФБ став на Зоран Милошески  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e