Милошески: СОНК одбра да биде маша за спроведување на политичката агенда на ДПМНЕ

И покрај основаните сомнежи дека во 15-дневниот штрајк на СОНК се замешани прстите на ВМРО-ДПМНЕ, барањата на синдикатот за зголемување на платите на вработените во училиштата и детските градинки, држеше место. Бидејќи оние кои се грижат за образованието на нашите деца, заслужуваат повисоки примања за достоинствен живот.
Но, после вчерашното отфрлање на предлогот на Владата за зголемување на платите за 12 отсто и одлуката за продолжување на штрајкот, не постои никаква дилема дека наводните „синдикалци“ спроведуваат партиска агенда на ДПМНЕ.
Во услови кога платите во образованието за време на 11-годишното владеење на ДПМНЕ беа зголемени за мизерни 10 евра, кога правото на штрајк беше вулгарно угушувано со ангажирање заменски наставници… сега, кога и покрај актуелната светска економска криза Владата предложи зголемување на платите на просветарите за повеќе од 3.500 денари и тековно продолжување на преговорите за понатамошно унапредување на нивните (финансиски) права, СОНК одбра да биде маша за спроведување на политичката агенда на ДПМНЕ.
Овде завршува синдикалниот карактер на штрајкот. Се’ понатаму е гола политика.
Не ги осакатувајте учениците! Пандемијата неповратно им одзеде две скапоцени години од нивните животи. Остварувањето на вашите права не смее да го суспендира и да биде на сметка на уставно гарантираното право на децата на образование. Продолжете ја вашата борба, но прво вратете ги децата во училниците. И ним и вам местото ви е таму – пред таблите и катедрите, во училишните клупи!

ФБ статус на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e