Милошески: Прилепчани и битолчани ич немаат дилема дека мицковци ќе градат автопат од Битола до…. некаде

Прилепската пратеничка на ДПМНЕ која 10 години седи во собраниските клупи, која за патни трошоци годишно земаше и до 20.000 евра, која на мајка си и братот им обезбеди директорски места и која го гласаше Законот за амнестија на „Хашките случаи“, рече дека таа и колегите од злосторничкото здружување, се обврзувале дека ќе градат нов автопат Прилеп-Битола, а ќе ја завршеле и изградбата на автопатот Кичево-Охрид,
Прво, прилепчани и битолчани ич немаат дилема дека мицковци ќе градат автопат од Битола до…. некаде. Само прво носителот им на листа во ИЕ 5, оној пејачот шо на 27 април носеше вода во Парламентот, ќе треба да научи кој пат води за Битола.
Имајќи во предвид, пак, како клептоманското друштво еднаш веќе го градеше Кичево-Охрид, уште сега може да се каже дека ако некогаш (скраја да е!) имаат можност да го градат автопатот кој го ветуваат по 176-ти пат, тој ќе биде долг 837 километри, ќе има 355 тунели, 283 мостови, 124 патарини и ќе се гради по следната траса: Скопје-Куманово-Крива Паланка-Штип-Гевгелија-Неготино-Велес-Прилеп-Кичево-Гостивар-Маврово-Дебар-Струга-Охрид-Ресен-Отешево-Претор-Демир Хисар-Битола.

ФБ статус на Зоран Милошески 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e