Милошески: Не е нормално кога во една држава јавно се поддржува сторител на кривични дела

Во колку забегано општество живееме, најдобро покажува поддршката која на социјалните мрежи ја доби Ламбе, за чинот на подметнување пожар во бугарскиот културен центар во Битола. „И јас сум Ламбе“, „Слобода за Ламбе“…
А шо направи Ламбе? Кривично дело! Подметна пожар, предизвика општа опасност, причини материјална штета…
Без разлика дали ни се допаѓа или не отворањето на бугарскиот центар кој го носи името на крвникот Ванчо Михајлов, не може кој како ќе посака да уништува имот во сопственост на физичко или правно лице од нашата земја или од странство. Функционирањето на ваков или друг сличен центар е работа со која треба да се занимава оваа и секоја следна Влада.
Никако не е нормално кога во една држава јавно се поддржува сторител на кривична дела и се повикува на протести со цел да се спречи негово притворање. Што ако утре се појави некој Митре, следниот ден некој Петре и така со ред… кои ќе си земат за слобода да тепаат, палат, убиваат, само затоа што процениле дека нешто треба да биде уништено? Дека некој треба да биде убиен? Дали за нив и за сите останати сторители на слични или идентични дела, ќе бараме да бидат амнестирани?
Таквото земање на правдата во свои раце се вика АНАРХИЈА!
И затоа, јас не сум и никогаш нема да бидам Ламбе!
ФБ статус на Зоран Милошески 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e