Милошески: Најверниот партиски војник на Грујо 12 години директор на МРТВ

Врв на синоќешната (не само) фудбалска бламажа, беше коментарот на ќосињата од таканаречениот „јавен сервис“, кои по којзнае кој пат се ставија во улога на политички, наместо спортски коментатори:
• Колегите од BBC предмалку исфрлија еден податок дека ова е најтешкиот пораз на државата што сега се вика како што се вика, тоа од мене нема да го слушните;
• Против Англија вечерва не успеавме, тие се три лава, ние имаме еден на грбот.
Партиската припадност и политичките ставови на дотичните се нивна лична работа. Единственото нешто што се бара од овие двајца, е да ја работат работата за која се платени со пари на граѓаните. За името и грбот на државата, за политиките на власта и опозицијата, за нивната сексуална ориентација и за сите останати прашања можат да се изјаснат во партискиот штаб, или на гајба пред коперација. Секаде, само не на работното место.
Начинот на кој двете ќосиња ја практикуваат професијата, освен класична злоупотреба во партиски цели, претставува девалвирање на сето она што со децении наназад го граделе авторитети од класата на Атанас Костоски, Зоран Михајлов и други спортски радио и ТВ коментатори.
И порано сум кажал: Спортската редакција на МРТВ е најдобрата слика за мизеријата на партизираниот „јавен сервис“. Ама кога 12 години за генерален директор го имате Марјан Цветковски, најверниот партиски војник на Грујо и злосторничкото здружување, тогаш ништо различно од испорачаното и не може да очекувате.
Ало, Влада, се слушаме???
ФБ став на Зоран Милошески 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e