Милошески: Грујо не е криминалец. Грујо е клептоман!

Во предметот „Плацови на Водно“ во кој првообвинетиот Грујо се товари дека партиските донации ги пикал вџеб и после со нив за себе купувал парцели на Водно и во Крушево во вредност од 1.3 милиони евра, во својство на сведок Гордана Јанкуловска денеска изјави дека во времето кога таа била генерален секретар на ДПМНЕ, дел од донаторите парите му ги давале директно на Грујо. И уште додаде:
„Во овој период ВМРО-ДПМНЕ за цело време имаше блокирана сметка, меѓутоа тековното работење на партијата некако функционираше и тоа на база на донации на физички лица. Секогаш лицата сакаа да се видат со претседателот. Тој ги договараше начинот и условите како тоа да се реализира. Во канцеларијата имаше два сефа, од кои едниот беше од тие што се големи, масивни и имаше еден мал како каса. Во малиот се чуваа мали износи, тие што се користеа на дневна основа. Другиот, барем додека јас бев на функција, ниту бил отворан ниту сум знаела шифра”.
Дополнително, другиот денешен сведок, Мартин Протоѓер изјави:
„Груевски ми спомна дека купил некое земјиште од 10.000 квадрати на Водно“.
Грујо не е криминалец. Грујо е клептоман!

ФБ статус на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e