Милошески: Ете тоа е, почитуван Тимчо Муцунски, патриотизам – Се’ друго е сеење магла

Тимчо Муцунски одлучил наставата во сите основни училишта во Општина Аеродром, секој понеделник, да започнува со интонирање на државната химна. Оти, според Тимчо, така се изразувала почит кон татковината, се подигало националното чувство и љубовта кон Македонија.
Не можам да тврдам дали и колку Муцунски ги пречекорил законски пропишаните надлежности на еден градоначалник, но затоа знам дека како „млад, надежен и проевропски“ ориентиран политичар, не успеал да се одлепи од декадентната идеолошка матрица на ДПМНЕ.
Господине Муцунски, подигнувањето на националното чувство, чувството за почит и љубов кон Македонија не се постигнува со веење знамиња, кревање три прсти и имплементација на арамиско-квазипатриотски проекти чија единствена цел е продавање демагогија и полнење на сопствениот џеб и партиската каса преку „лапање“ дебели провизии.
Кај најмладите, чувството на патриотизам и љубов кон татковината се развива и јакне преку давање личен пример од страна на вас, политичарите и партиските моќници. Преку инвестиции во образованието, инфраструктурата, заштита на животната средина, грижа за немоќните и сиромашните, вработување на професионалци наместо партиски војници, искрен, чесен и честит пристап кон интересите на државата и граѓаните…
Ете тоа е, почитуван Тимчо Муцунски, патриотизам. Се’ друго е сеење магла и потценување на интелигенцијата на граѓаните!

ФБ статус на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e