Михајловиќ: Кога цела мафија, кога цела олигархија и нерефомрирана опозиција со националистички идеи тргнуваат кон тебе, тоа значи дека си трасирал пат

Кога цела мафија, кога цела олигархија и нерефомрирана опозиција со националистички идеи тргнуваат кон тебе, тоа значи дека си трасирал пат кој тие не сакаат да го следат или нивното сидро не одговара за тие ветрови.
Кога “твоите” спијат, ти тогаш треба прв да се разбудиш.
Зоран Заев е тој кој го понесе цел терет последните 7-8 години од рушење на вистински режим до внесување во НАТО, човекот кој против сите поставени препреки, сопки секогаш успеваше да најде нова енергија за да ја исправи државата и да ја носи на прав пат, а ако демократијата и слободата, не се доволни за да го истакнеш својот потенцијал, тогаш замисли како тоа ќе е возможно во режим.
А ние како граѓани треба да престанеме да ја гледаме малата слика и дневната состојба, редно е да погледнеме во големата слика и да го овозможиме патот на државата поблиску до европскиот стандард.
Со сеење страв и ширење омраза влегуваме во минатото, а потоа речиси и да нема кој ќе влезе во нова борба против така негуван систем.
Денес е повеќе од неопходно да имаме лидер кој има визија и ја гледа големата слика, лидер кој цврсто и одлучно мисли со народот, а таков имаме, да не ја прокоцкаме шансата која ни е дадена, да одиме кон иднината со сите маани и предности, но никако во минатото со веќе познати грешки.
ФБ статус на Владимир Михајловиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e