Мицкоски ќе нѐ качува на платформа

Со воодушевување ги прочитав клучните проекти од списокот на желби на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мистично насловени како „Платформа 1198“. Во наредните четири години нѐ очекуваат големи достигнувања и успеси, саде убавини и остварени соништа за подобар, побогат, побезбеден и подостоинствен живот. Се разбира, тоа може да се случи единствено по големата изборна победа што веќе е извојувана и треба уште само да се потврди на 8 мај, кога целата власт во земјата по волја на бога и народот ќе ја преземе ВМРО-ДПМНЕ. Затоа бидете на штрек, да не заборавите какви радости ве очекуваат ако навреме ја фатите вистинската страна.

Новите преродбеници ќе ве искачат на платформа над разбранувано море, на кое лично ќе ве пренесе Мицкоски, како Мојсеј својот народ во ветената земја, по 32 години талкање низ пустина. Не знам како ја доживеал оваа „платформа“ Никола Груевски. Како плагијат, или како признание на неговата „Преродба во сто чекори“ од 2006, или како продолжение и надградба во дополнителни илјада чекори на неговата голема стратегиска реформа тешка десетина милијарди долари?

Но, како и да е, нема големи разлики. Пак ќе бидеме светски прваци во бизнис клима со економски раст од 6 до 8 проценти на годишно ниво. Ќе се изградат сите почнати и непочнати автостради, брзи пруги, енергетски објекти од ветерни мелници до сите видови зелена енергија, што значи комплетна енергетска трансформација. Во најавите на клучни проекти испуштен е сонот за пловен Вардар до Егејското и до Црното Море, но не е доцна тоа да се најде на интегралното издание на „платформата“. Во зенитот на предизборната кампања ќе биде обелоденето и најголемото изненадување кое се чува во тајност, а тоа е што во ерата на постгруевизмот 2024 – 2034 ќе биде ланисиран и првиот македонски сателит, како замена на шарените бизнис балони што летаа над владата на премиерот реформатор Никола Груевски.

Качени на платформата која замавнува де лево, де десно над разбранетото копно, како море нѐ очекуваат тектонски промени во сите области, радикални реформи во економијата, во образованието, во земјоделството, стотици милиони евра ќе бидат обезбедени за проекти и филмски серии во културата, големи достигнувања во спортот до освојување на олимписки медали. Не помали ќе бидат вложувањата за заштита на човековата околина. Милијарди евра ќе се инвестираат за нишање на успивната платформа, резервирани за капитални инвестиции во рудници, во нови технологии, клинички центри, училишта…. и сѐ што ти душа посака. И во водата ќе се прави дупка.

Ќе нема повеќе балансер
Следуваат уште голем број крупни општествени и социјални реформи. Ќе добиеме парламент со само 90 пратеници, цела држава ќе биде една изборна единица, ќе има комплетна трансформација на владата, ќе се формираат нови министерства, ќе се намали администрацијата, ќе ги снема непотребните и нефункционални институции.
Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e