Мицко против Мицкоски

Оние кои лажат дека го штитат македонскиот идентитет, од наводен бугарски диктат. Тие, исто така лажат дека Преговарачката рамка е бугарски моделирана рамка. Истите тие, се уште на пресови тврат дека Преспанскиот договор не и донел ништо добро на земјава, туку напротив, донел корупција и криминал – господе боже, каква безочна лага? Дали не ги гледаат придобивките од Преспанскиот, или не им се допаѓаат? Еве, јасно да биде: најдиректната придобивката од Преспа е членство на РСМ во НАТО.

Зошто лажете бе, толку ли е тешко да ја изговорите вистината? НАТО ли не го гледате? Или, несакате да го видите? Можеби, не Ви се допаѓа и не сте најсреќни со нашето членство во НАТО?

Но, и тоа не е страшно, секој има право на сопствено мислење – но, кажете го тоа јасно и гласно, за да може да Ве разбереме. Вака, сомнително е сè што се случува во најголемата опозициска партија – која по сила на Устав има особена одговорност за демократска активност во секоја една парламентарна демократија – па дури и во нашата!

И бидејќи не постои разумно и логично објаснување за потезите кои ги преземате, почнувам да стравувам дека најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ е окупирана од дијаболични ликови кои како да имаат зла тендеција да го истрошат политички Мицко Војводата и намерно го туркаат во лузерај. Следствено, да се запраша човек, кој би можел да има такви амбиции?
Целата колумна на Aна Чупеска на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e