Мицко и другарчињата ги укинаа и субвенциите за струјa за ранливите категории

Ги добивте ноемвриските сметки за струја? Забележавте дека се поголеми за една третина во споредба со ланските? Јасно ви е зошто се такви и зошто допрва ќе ви дожежи кога во јануари и февруари ќе дојди вистинската зима?
Сметките се такви оти Мицко и другарчињата ги укинаа субвенциите за потрошена електрична енергија од 30% кои за секое семејство ги даваше Владата на СДСМ.
Мицко и другарчињата исто така ги укинаа и субвенциите за струја кои Владата на СДСМ во зимските месеци им ги даваше на ранливите категории на граѓани.
А дека не се исплатени паричните средства за нега на трето лице, забележавте?
Дека мицковци му ги намалија субвенциите на тутунарите, разбравте?
Дека „кошничката“ од преварантите во Министерството за економија е голема лага, приметивте?
Ете така работат патриотиштата од ДПМНЕ: со едната рака ви ги мачкаат очите и веат знамиња, со другата ви го празнат џебот. До дното. До последниот денар.
Бидете така, сето ова е само најава за она што допрва следува!
ФБ став на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e