И Меркел да беше лидер на СДСМ ќе беше обвинета за „заевизам“

Кога Димитар Ковачевски беше избран на непосредно гласање на членството на СДСМ за нов лидер на партијата (истиот ден кога ВМРО-ДПМНЕ го одбра Христијан Мицкоски на конгрес како единствен кандидат) опозициската партија по неколку минути објави соопштение во кое него го означи како „пион“ на Заев.

Потоа речиси безгласно беше објавено дека Мицкоски телефонски му честитал на Ковачевски. За веднаш да продолжат бескрајните напади врз Ковачевски. Дури и Ангела Меркел да беше избрана на непосредно гласање за наследник на Заев се чини дека ќе ја добиеше истата квалификација – дека е наследник на „заевизмот“. И, се разбира, корумпирана.

Истото се случи и ноќеска, веднаш по објавувањето на новото раководство на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ објави дека тоа се „исти луѓе, исти вредности, заевизмот продолжува“.

Денеска тоа се надогради со проширена нихилистичка елаборација, за која во последно време е задолежен високиот воен офицер кој стана пратеник – Драган Ковачки.
…….
Сите нови луѓе во раководството на СДСМ се стари кадри, додека во ВМРО-ДПМНЕ се гледаат само „нови лица“ – Антонио Милошоски, Илија Димовски, Зоран Ставрески, Оливер Шамбевски…
Целата колумна на Љупчо Поповски за Независен на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e