Марко Видојковиќ: Македонија ја изглодеа скакулците на Никола Груевски

„Македонија има сериозни проблеми, коренот на овие проблеми лежи во нејзиното долгогодишно уништување од режимот на ВМРО ДПМНЕ, овие проблеми не можат да се решат преку ноќ.“

Жестоките долгогодишни напади врз новинарот, колумнист и писател Марко Видојковиќ резултираа со негов прогон. Смртните закани по неговиот и по животот на семејството го одведоа во егзил, дотолку што местото на неговото живеење мора да остане тајна од безбедносни причини.

Во интервјуто за НоваТВ, говори за актулниот политички режим на Александар Вучиќ, за деконтаминацијата и последиците од ваквите режими, за состојбите од Триглав до Југ.

Вели дека во овој миг борбата со лагите е нерамноправна, но дека нема да биде замолчен. Дистопијата во неговите романи често ја отсликува реалноста а Драгиша, главниот лик во „Ѓубре“ е метафора за денешна Србија, која како што вели е „издрогирана, арогантна насилничка, која ги исмејува сите блиски што и се при рака и знае да убива“.

НоваТВ: Во 2009 година со Вас и со Јерговиќ го снимавме документарниот филм „Долго патување…“ од Триглав до Вардар со старото добро „Југо“. Тогаш, констатиравме дека ништо не се сменило на подобро, барем јужно од Триглав. Сега, 13 години подоцна, што има ново?

Видојковиќ: Ново е тоа дека во меѓувреме Хрватска стана дел од Шенген зоната, дека Македонија ја изглодеа скакулците на Никола Груевски, а Србија пантличарите на Александар Вучиќ, Босна и Херцеговина е и натаму поделена и нефункционална држава, со засилени националистички елемнети, а Црна Гора полека но сигурно после промените се врти назад кон Мило Ѓукановиќ, за што директно се виновни напреднатите големосрпски елементи. Косово е потполно заокружена држава, а Словенија е светслосни години далеку од сите. Кога ќе се сумира сè, мило ми е за Словенија и Хрватска, а жал ми е за граѓаните на сите останати поранешно југословенски републики и покраини. Кога го снимавме филмот, во 2009 година, мислев дека Белград е добро место за живеење. Пишував книги, ги промовирав, пишував колумни, ја критикував власта, без никакви закани и репресии. Денес, Белград е веројатно најлошото место за живеење, не само во регионот, туку и пошироко, не само за мене, туку и за секој нормален белграѓанин. По десет години прогресивно уништување, тоа повеќе не е романтичната метропола во која сме родени јас и моите родители, тоа е загаден урбан изрод.

Интервјуто во целост на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e