Макрадули: ВМРО-ДПМНЕ знае дека референдумот нема да успее, но тоа секако не им е целта

Темата околу референдумот е типично како она кога велиме дека од дрвото не се гледа шумата.
И ВМРО-ДПМНЕ знае дека референдумското прашање е глупаво и несуштинско. Знае дека референдумот нема да успее, но тоа секако не е целта.
Тие единствено го следат искуството од Груевски и референдумот против децентрализацијата (иако и тогаш знаеа дека нема да променат ништо, иако ветуваа).
Тогаш, ВМРО-ДПМНЕ од сите кои излегоа на референдумот, си направи список, список со кој работеше се до парламентарните избори 2006-та година.
На тие избори, ВМРО доби ист број на гласови, колку што имаше и на референдумот. Но, за жал, и победи на тие избори, и од Македонија направи заробена држава.
Затоа, потребен е поинаков пристап, поинаква реторика.
Сите знаат дека референдумот нема да успее, но, целта им е друга. На таа цел, треба да се работи, треба да се спречи.
ФБ статус на Јани Макрадули

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e