Макрадули: Според логиката на ВМРО-ДПМНЕ грев е што Заев како студент јадел виршли и паштети, а не јадел кавијар покрај хидроцентрала

Изборната кампања е при крај.
Со оглед на годините и досегашниот политички и партиски ангажман, претендирам да кажам дека ги паметам сите кампањи од нашата независност.
Никогаш, ама никогаш, немало ваква деструктивна, малограѓанска кампања како оваа на ВМРО-ДПМНЕ. При тоа, никогаш и немало и толку арогантни политичари како сегашното раководство на таа партија.

Според нивната логика, грев е што Заев како студент јадел виршли и паштети, а не јадел кавијар покрај хидроцентрала.
На Оливер му се потсмеваат дека зборува ромски, наместо за уши да ги носи на гласање.
Љупчо не бил добар зошто со сопругата џогира и вози точак, а не добива желба да удри бокс на жена.
Или пак, според вмровската логика, Радмила е проблем што седи сама на состаноци во НАТО и гради иднина, а не е како нивниот носител во 5-ка, “сигурен”, и патот знае да го најде само кога е во толпа и кога се руши нешто.

И да не заборавиме, зборуваме за партија која фејк њузот го промовираше уште во 2008-ма, со лажни имиња на нарачани листи.

Но, сепак, на 15 јули има стотина сработени причини зошто е сигурно гласањето за бројот 3.
Од укинување на радиодифузна такса до ефтина тарифа за струјата.
Од поголема социјална помош до поголема просечна плата.
Од ренесанса во земјоделието до меѓународниот кредибилитет.
Од слободата на говор до лидерството во реформите во енергетика.
Па дури и до јасните податоци за почистиот воздух, иако многу се плашат да го споменат тоа.

Република Северна Македонија е поинаква. Поинаква, на подобро држава.

Затоа, гласот за број 3 е сигурен глас. Глас за сигурна иднина, за сигурен мир.
Гласот за број 3, не е само најдобриот, тоа е единствениот сигурен избор.
ФБ статус на Јани Макрадули

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e