На 11 декември биравме меѓу заробената држава и правдата, меѓу партискиот стисок и законот, меѓу сопствените уши и зборот на партијата. Денес, не може да биде поочигледно дека дијагнозата била точна, колку и да се обидуваат да не’ свртат кон платформата.
Да беше платформата вистинскиот проблем, ќе беше проблем и тогаш кога Иванов му го довери мандатот на Груевски.
Да беше платформата вистинскиот проблем, ќе беше проблем и тогаш кога Груевски преговараше со ДУИ за влада.
Да беше платформата вистинскиот проблем, ќе ги напаѓаа творците на платформата, а не Заев, додека седат со ДУИ во нелегитимната влада.
Да беше платформата вистинскиот проблем, требаше да се извинат кога ја слушнаа програмата на идната влада.
Повикувајќи на “одбрана”, Груевистан тргна директно во напад – против Македонија! Да удира со секира таму каде е најранливо – меѓуетничките односи. Со газење врз Уставот, со укинување на политичкиот систем, со злоупотреба на деликатните меѓуетнички односи, со рушење на сите илузии дека Македонија е демократија во очите на целиот демократски свет, не се брани државата. Така се руши Македонија.
Прашањето за нас е, дали ни’ е помила Македонија или Груевистан!
Никола Димитров – Фејсбук статус