Лукароски: Заев покажа доблест несвојствена за македонските суетни политичари!

ФБ ‘ме потсети’ на нешто што сум го напишал кога Заев сè уште беше лидер на СДСМ… Сега тој не е повеќе лидер, но мојот став за него не е променет!
Мај, 2014…
Конгрес на СДСМ на којшто се гласа за доверба на Заев…
Завршува конгресот и Заев ја добива довербата од делегатите… Се сеќавате ли кој беше првиот потег на лидерот Заев? На неговите најлути противници и противкандидати за лидер на партијата, веднаш им понуди функции…
На Игор Ивановски – Шема му го понуди местото Ген. секретар на СДСМ… Соработници му станаа дури и оние коишто гласаа против него на тој конгрес… И јавно се фалеа со тоа…
Заев покажа доблест несвојствена за македонските суетни политичари!
Декември, 2016…
Парламентарни избори… Во предизборната кампања Заев беше изложен на најгнасни навреди… Завршија изборите, Заев стана премиер и ‘им ја отвори вратата’ на СИТЕ што се подготвени да ѝ помогнат на Македонија… Вклучително и на оние како Амди Бајрам со неговите бедни и невкусни “шеги’ за зајак и морков…
Заев уште еднаш покажа доблест и ја потисна суетата во себе… Заради Македонија!
Октомври, 2018…
Парламентарна седница за „Преспанскиот договор“… На оние што го понижуваа и го навредуваа и на оние коишто (буквално) ја посакуваа неговата крв, им понуди рака на помирување… Заради Македонија…
Прекрасна прилика да се види разликата со ‘претходниот’, којшто 11 години ги делеше Македонците и којшто сееше омраза!
Во принцип секогаш сум бил против создавање култ од личности… Сепак, на Заев сакам јавно да му оддадам почит за силата што ја наоѓа во себе…
Да употребам една стара флоскула… Човек со такво срце се раѓа еднаш на 100 години…
Зоран Заев и неговиот тим се обидуваат Македонија да ја направат европска Македонија… Да застанеме зад нив и да им дадеме поддршка!

ФБ статус на Ацо Лукароски 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e