Лидер како Мицкоски- тогаш кога незнаењето е моќ

Нам ни треба токму таков лидер како Христијан Мицкоски. Лидер на ВМРО-ДПМНЕ, лидер кој признава дека не знае, лидер како него е тоа што е неопходно за спас на оваа држава. Лидер кој безгрижно изјавува дека не ги знаел протоколите за заштита од ширењето на корона вирусот, затоа и не знаел дека е забрането кога седел во затворен дел од кафеана со двајца пријатели.

Лидер кој притоа е самоуверен, и воодушевено раскажува за дупката која се создала, кога не ги впила информациите,  кога го препнало тоа подло незнаење, кое глава може да чини во време на смртоносниот вирус, кој коси се пред себе.

Такви само можат да бидат оние заглибени во сопственото незнаење и неодговорност. Полн до експлодирање со сопствената умисленост, дека со незнаењето може да ги достигне врвовите, да не однесе во небесата, за сите заедно, со неговото лидерство да треснеме од височините кое ги нуди неспособноста да се дознае.

Лидер како Мицкоски- кој не знае и досега не чул ништо за светот кој се крена на нозе и воспостави единствени, заеднички протоколи за борба против смртоносниот вирус, лидер кој досега не дознал како светот ги усогласи забраните и прописите. Лидер кој и покрај сево ова, изјавува со месеци и години дека да сака да ја води земјава.

Со незнаење и игнорирање на опасноста од вирусот- токму таков лидер нам ни треба. Со неговото непочитување на правилата на однесување во борба против вирусот, Мицкоски пред некој месец заврши во теретана, затоа што- и тогаш не знаел дека е забрането отворање и користење на таков тип објекти.

Со таков лидер, ние не треба да се грижиме за својата иднина- однапред знаеме дека пропаста ни е судена, што не ни лош крај. Нека дојдат помудри, поумни генерации, кои ќе знаат дека знаењето и вистинското лидерство се единствениот начин да се стигне до некаков излез. Лидерите како Мицкоски и Груевски им ја прокоцкаа таа иднина и за тоа треба да им се извинат.

Целата колумна на Биљана Секуловска за НОВА ТВ на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e