Лекарите не можат сами!

Вонредната состојба е краткорочно решение, ни оддалеку доволно успешно, поради отсуството на парламент и на политичка влада со полн капацитет. Тотално политичко и правно лимбо… Не мора човек да биде Магелан за да „открие“ што се случува. Без оглед на тоа што некој можеби е жртва на пропагандата, па овие тврдења ги отфрла, доволно е да ги вклучи разумот и логиката, па ќе сфати дека овие ставови се резултат на искуството и рационалното размислување.

Мицкоски не е единствен политичар чиј опстанок на политичката сцена, макар и како губитник, значи и опстанок на сопствените бизниси. Ноторно за неговата партија е да ја водат „дил-ориентед“ луѓе со кои Груевски раководи со голем стап во едната и подеднакво голем морков во другата рака.

Изборните позиции и шанси се веќе одамна прилично јасни. Човек не мора ни да ги следи анкетите, за да извлече информиран заклучок. Особено затоа што анкетите знаат и да промашат. Со сите познати слабости кои упорно не се отстрануваат, изборите може да се одржат, практично, во секој момент, дури и без периодот што според законот е предвиден за кампања (20 дена). Се разбира, со почитување на мерките и протоколите за заштита, изборниот ден ќе биде целосно безбеден, тоа го знае секој, освен антиваксерите, рамноземците и оние што коронавирусот го користат како изговор за бегства од различни видови, па и од реалноста.

Трагично е што кризата со коронавирусот се злоупотребува за политичките цели на една мала група луѓе поврзана со сите атрибути на режимот на Груевски. Злоупотребата на институциите и непостапувањето во согласност со мерките и препораките за заштита, секојдневно ја одржуваат, па и ја влошуваат тешката состојба со коронавирусот. Тоа чини човечки животи. Тоа секојдневно трауматизира голем број луѓе. Тоа ја осиромашува земјата во секоја смисла на зборот, секој ден, секој час.

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e