Костовски за расправата за ребалансот на Буџетот: Народот ќе суди кој е одговорен, а кој вечен дилетант!

Овие денови во Собрание се води расправа за ребаланс на буџетот, нешто нормално и очекувано во очи на големиот бран што не зафаќа од вирусот COVID-19. Сакам гласно да искоментирам каква несериозна опозиција имаме, а за тоа зборува фактот дека од страна на истата по однос на ребалансот на Буџетот за 2020 год., кој е во насока на обезбедување на средства за заштита на работните места и закрепнување на одредени дејности во услови на пандемија, како и за интервенции каде што има најголема потреба до крај на тековната година, имаат предложено 186 амандмани. Доколку бидат прифатени сите предложени амандмани ќе ни требаат вкупно 3 годишни буџети или околу 12 милијарди евра.
Дали опозицијата воопшто направи анализа кога ги поднесе амандманите или се ќе стори само да ја закочи реализацијата на буџетот? Но, народот е тука и ќе цени кој како се однесува и кој намерно ги кочи сите процеси во државата. Кој е одговорен, а кој вечен дилетант.
ФБ статус на Мартин Костовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e