Костовски со моќна порака: Пандемија, карантини, страв за себе и најмилите, економска и енергетска криза…

Пријатели мои изминативе три години се тешки, веројатно најтешки од Втората светска војна навака, најтешки години кои нашите генерации ги виделе.
Пандемија, карантини, страв за себе и најмилите, а сега се преминува во економска и енергетска криза и нови грижи и нервози.
И тоа ни се одразува на сите.
Ни се одразува на физичкото, но пред сѐ на менталното здравје и расположение.
Затоа, сега е време за заедништво.
Сега е време за помагање, за зближување и за грижење еден за друг.
Ова е време кога најсилно одекнува мислата на Платон:
“Бидете добри кон другите бидејќи не знаете какви битки водат!”
Да бидеме добри едни кон други, трпеливи и да си дадеме поддршка.
Ќе помине и оваа криза, мора да победиме, но да излеземе од неа како ПОДОБРИ ЛУЃЕ КОИ БИЛЕ ХРАБРИ КОГА ТРЕБАЛО !
ФБ статус на Мартин Костовски 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e