Костова: Нека протестираат, ама не со општински денари, ниту со руски рубљи

Општините да ги финансирале протестите, или како Мали Џокица разбира локална политика.
И 100% од општините да се раководени од опозицијата, тоа никако не значи дека општински ресурси треба да се насочат кон спонзорирање на какви било протести.
Знам дека се навикнати на парите на граѓаните да гледаат како на азно без дно кое ги исполнува нивните желби, ама не смее да се врати времето во кое парите на народот се користеа за финансирање партиски активности за манипулирање на истиот народ.
Ако градоначалниците питачат за Влада да им ги плаќа сметките за струја, ако градоначалниците тврдат дека Општините им се пред банкрот, тогаш не смеат ни да помислат да финансираат какви било партиски активности.
Градоначалниците треба да си го „стегнат каишот“ и да ги укинат сите непродуктивни трошоци, да се откажат од партиски вработувања, големи паушали, финансирање истомисленици, совесно да ја намалат потрошувачката на струја и да се фокусираат на решавање на комуналните и инфраструктурните проблеми на жителите.
А, ако навистина сакаат да си ја докажат анти-ЕУ поентата, нека се обидат да ги сервисираат потребите на граѓаните само со општинските буџети, а не со европски фондови.
Нека протестираат.
Ама, во свое време, со сопствени финансии.
Не со општински денари, ниту со руски рубљи.
ФБ статус на Кристина Костова

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e