Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ продолжува партискиот интерес да го става пред интересот и здравјето на граѓаните

Нема крај деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ дури и кога се работи за здравјето на граѓаните.

Вчера, колегите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ предложија точката за измени на Законот за заштита на населението од заразни болести да се разгледува како прва точка на денешната седница и ние тоа барање го поддржавме.

Денес, пак гледаме неодговорно, незрело и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Цел ден, со банални дискусии ја кочат работата на комисијата за здравство и усвојување на измените по што тие треба да се најдат на пленарна седница.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува партискиот интерес да го става пред интересот и здравјето на граѓаните.

Јавноста тоа го гледа и соодветно го цени.

ФБ статус на Костадин Костадинов

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e