Консензус со кого и за што?

Консензус со кого и за што?
Да чекаше Бугарија консензус во своето Собрание со најтврдите националисти, никогаш немаше да го крене ветото за почеток на разговорите. Но, обезбедија 170 гласа од 240 пратеници и предлогот помина.
Кај нас некои таленти денес упорно повторуваат дека ни е потребен консензус меѓу сите партии за прифаќање на договорот од ЕУ.
А зошто?
За што можат да се договорат оние што се за членство во ЕУ и оние на Апасиев што се за сојуз со Русија и Белорусија и се за радикални и насилни протести ако нивната волја не биде почитувана.
За што може да се договорат оние што се за ЕУ и за почитување на Преспанскиот договор со оние што висат пред владата со знамињата од Вергина или Кутлеш ако сакате, и врескаат “Никогаш северна-само Македонија” Тоа се тие што не прифаќале ултиматуми.
Како ЕУ со сила да не тера да го прифатиме договорот што го нуди.
Каков консензус е можен со нив и во чија корист би бил тој.
Понекогаш желбата да се договорат сите за нешто е добра идеја зад која се крие свест дека така нешто најсигурно ќе се блокира.
ФБ статус на Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e