Колку ротации околу себеси му се потребни на Мицкоски да создаде центрифуга за да ја испере етикетата дезинформатор?

Стануваат апсурдни, па дури и смешно несериозни серијата „пишман“изјави и ротации околу самиот себеси на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Најновата вратоломија и политичко „салто мортале“ на Мицкоски е изјавата дека „македонскиот јазик е завршена работа, признаен од Обединетите нации и кодификуван со сите јазични и научни нишани“, со што на „нишан“ ја стави сопствената политичка иднина како политичар кој ги менува своите политички ставови почесто од чорапите, но со доволно временски простор од една до друга „преслека“ за да ја „труе“ јавноста со дезинформации.

До вчера како „ѓавол од крст“ бегаше од личната карта на Северна Македонија во Обединетите нации, каде што, после Договорот од Преспа, јазикот на Македонците се запиша како македонски јазик, за денеска да се повикува на истиот тој „имотен лист“ на македнскиот идентитет како тој лично да го напишал.

Смешно е тоа, но македонската јавност нема кусо паметење и нема да дозволи да биде измамена од ротацијата на Мицкоски околу самиот себе си со која сега демонстрира нов светоглед на отсекогаш непобитните факти за македонскиот јазик и идентитет.

Само еден кус преглед и листа на наслови за неговите довчерашни ставови во врска со македонскиот јазик и идентитет даваат сосема јасна слика каде стоеше Мицкоски вчера и каде се обидува да се смести денеска: Мицкоски: Со овој предлог Бугарите ќе го прогласат јазикот за нивни дијалект, а ние за македонски, Нема да дозволиме асимилација на македонскиот народ и негирање на јазикот и идентитетот- порача Мицкоски на средбата со Хофрајтер, Мицкоски: Власта веднаш да престане да преговара за македонскиот идентитет, јазик и историја…

Останува да се запамети дека оваа кампања која како за единствена цел ги имаше личниот и партискиот политички профит за сметка на утврдените македонски темелни идентитетски кодови кои самонаречената „најмакедонска“ партија ја тераше до бесмислени граници во лицето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, има(ше) континиуитет.

Сега, кога се повикува на личната карта на Северна Македонија во ОН, Мицкоски се надева дека македонската јавност ќе заборави дека уште во 2019 година најавуваше дека ќе го укине Договорот од Преспа (Мицкоски: Со двотретинско мнозинство го укинуваме Преспанскиот договор), за потоа повторни да изротира околу самиот себе си за да каже дека договорот е реалност (Мицкоски: Преспанскиот договор е реалност).

Целата колумна на Зоран Бојаровски за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e