Кој оди против волјата на народот?

Се сеќавате ли на Милошевиќ? На сите што не му беа по волја им се закануваше во волјата на гневниот народ. Бунтовите што самиот ги организираше ги нарече „антибирократска револуција„.

Цело време додека го организираше насилството против легално избраните раководства во Војводина Црна Гора и на други места, зборуваше за спонатн „одговор„на незадоволниот народ.

Храбрите новинари тоа го нарекуваа „организирана спонтаност„ И го исмејуваа. Но, Милошевиќ не можеше никој да го спречи да ги организира своите познати „јогурт револуции„ „балван револуции„ и да ги менува сите раководства кои директно не му се потчинуваа. Кога и тоа веќе не беше доволно, почна да ја извезува револуцијата, и „гневот на српскиот народ„, во Хрватска, па во Босна и на Косово.

Сето тоа време говореше за загрозеноста на српскиот народ, и на Србија, за меѓународниот заговор против Србија и Србите, и на крајот по низа војни и трагедии што ги предизвика со таквата „одбрана на народот„ доведе до тоа НАТО да ја бомбардира Србија и неговата партија и телевизија.

Подоцна се разбра дека порачувал и организирал убиства и атентати на политичари од опозицијата и на новинари само за да ја зачува својата власт. Милошевиќ не можеше да сфати дека тој што си игра со народ од народ ќе загине. И тој народ го испорача во Хаг.

Да е умен Груевски можеше до сега нешто да научи од судбината на Милошевиќ. Но тој упорно оди по неговите стапки И натаму тврди дека.„ Гневот на народот никој не можел да го контролира„. – се додека тој лично го контролира. Но некако е блед. И со секој настап изгледа се поисплашено и поисплашено. Изгледа како да не е сигурен во тоа што го зборува.

Фејсбук статус на Ѓорги Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e