Кога делата се поубедливи од зборовите

Во оваа изборна кампања, склон сум да мислам дека континуираните напади врз карактерните особини на личноста на Заев – па уште и со прислушувани разговори илегално снимани во оние валкани контексти пред три, четири или пет години – нема да им ја донесе посакуваната цел на неговите огорчени опоненти. Не успеваат критично да му ја намалат поддршката. На пример, во денешната шаренолика колекција на коалициските партнери на СДСМ за овие избори нема такви „невини невести“ кои не го познаваат добро Заев, некои и приватно, а секако политички. Да не се политиките зад кои стои Заев, можеби ни половина од нив – или од нас, ако сакате – не би го избрале него за зет во семејството или за „Мис на безгрешноста на Македонија“.

Но, во меѓувреме сфативме дека Заев треба повеќе да се цени по тоа што го прави, а помалку по тоа што го зборува. Тој, имено, заради делата ќе заслужи уште еден политички мандат, а не заради вербалните вратоломии во кои самиот би можел да се удави и без да го турнете во вода.

А, што е право, во политиката секогаш изборот се прави и со оглед на постоечката алтернатива. Во таа сосема неубедлива конкуренција, Заев уште сега мора да се подготви да го заокружи својот втор мандат на начин што историјата сосема ќе ги заборави контроверзите од првиот. За тие ветувања ќе го држиме за дела, ако веќе не и за збор.

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e