Ќе одам до крај

Директори на сериозни државни институции и агенции, квази новинари и квази интелектуалци (и универзитетски професори), криминалци со досие на измамници (козари), радикални националисти, луѓе без образ, плитки во умовите, длабоки во џебовите, инсталирани по разни ќошиња на системот, сите заедно – од уста не ме вадат.

Ако погледнам наназад само две-три години, не мора повеќе, ќе видам една богата галерија ликови што се опседнати со тоа како да ми наштетат, да ми го одвлечат вниманието, да ме навредат, наклеветат. И не бираат зборови за да ги поткрепат своите ноторни лаги. Отворено повикуваат на насилство против мене и на мое убиство. Сум слушнал дека сум главна тема во некои од нивните кафански муабети.

Не е било каква таа галерија ликови. Не сум нешто многу заинтересиран, а не сум ни ултра активен на социјалните мрежи, така што не можам да ги набројам сите. Поголем дел од нивните смрдливи петарди против мене ги забележувам дури откако еден дел од тие напади ќе се најде на медиумите во кои сум одговорно лице.

Еден од најсмешните ликови во таа галерија е поранешен припадник на безбедносните структури, фан на Путин, газда на минорна и микроскопски мала проруска партија, помала од маалска пиљара. Тој своевремено излезе на прес конференција да „открие“ дека еден од извештаите од изборниот мониторинг не сум го пишувал јас, туку германската безбедносна служба БНД. Еден десничар тогаш искрено ме праша колку пари сум му дал за таа реклама.

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил Медиа на слениот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e