Карикатура од пржинската влада од инает

СДСМ и ДУИ се договорија по изборите во 2020 година да формираат влада во која последните 100 дена од нејзиниот мандат Албанец ќе биде премиер. Тоа го ветуваше ДУИ во својата програма и водеше изборна кампања со слоганот “А зошто да не”?
Зошто да не, значеше зошто да не и премиер Албанец
Тој договор меѓу СДСМ и ДУИ немаше врска со моделот пржинска или техничка влада која се измисли пред изборите во 2016 година како гаранција за тогашната долгогодишна опозиција дека ќе добие фер избори.
Беше формирана уште еднаш пред изборите во 2020 година но оттогаш и СДСМ И ВМРО ДПМНЕ повеќепати изјавуваа дека ќе нема потреба од таква влада и гаранции за следните избори.
Ако денес ВМРО ДПМНЕ како најголема опозициона партија, смета дека нема потреба од таква влада или дека не сака да биде дел од влада во која премиерот ќе биде од ДУИ тогаш е сосема јасно дека никој на тоа не може да ги присили. А без учество на најголемата опозициски партија во неа се губи смислата и потребата од таква влада.
Ако и покрај противењето на ВМРО ДПМНЕ, се смета дека е неопходно формирањето влада со вклучување на опозицијата во неа тогаш местото на опозициони министри и заменици во неа ќе треба го завземат Левица и Беса. И со тоа ништо не се добива. Тоа ќе биде карикатура од инает.
Оттука не е јасно што ги спречува СДСМ и ДУИ да го испочитуваат договорот за премиер од ДУИ во последните сто дена и без пржинска влада и без создавање нови конфликти и проблеми.
Зошто не се гледа суштината и смислата, а не само формата. Ако формирањето таква влада пред изборите е законска обврски има време и тоа да се смени за мир во куќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e