Kараш-врниш по Владата оти не ти ја плаќа струјата и – си крцкаш!

Ја полниш институцијата со луѓе од списочето шо ти го дале од партија, клаваш уште по некој роднина и пријател, си ја зголемуваш платата до кај 1.000 евра, ги поскапуваш цените на услугите, му даваш некое денарче на медиумите да не креваат многу џева, караш-врниш по Владата оти не ти ја плаќа струјата и – си крцкаш!
Ова се вика македонски ендемски начин на менаџирање на институциите. И после, оти сме биле на ова дереџе. Е, оти де?
ФБ статус на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e