Каков е нашиот влог за иднината на економијата?

По корона кризата се  очекува да дојде до прераспределба во однос на поставувањето на нови синџири на добавувачи, а Македонија може да игра важна улога доколку е мудра и се насочи кон решавање на постојните слабости

Пад на домашниот бруто-производ меѓу 3,5 и пет отсто, а можеби и повеќе доколку има втор бран на пандемијата со Ковид-19, буџетски дефицит од 6,8 отсто, зголемување на јавниот долг на над 60 отсто од БДП што ќе не смести во високозадолжените земји, зголемување на стапката на невработеност за два-три процентни поени и враќање неколку години назад, пораст на социјалата, пропаднати фирми и бизниси…

Долга е листата на економските последици од корона кризата со кои допрва ќе се соочуваме. Оние кои ќе ја водат државата ќе бидат во улога на „невозможна мисија“ да го извлечат бродот од бурата и да го насочат кон помирни води.

Но, колку тоа брзо и успешно ќе се направи ќе зависи и од она што се прави сега, во екот на кризата. Тоа е всушност нашиот влог за иднината на економијата.

Во интервју за НезависенПатрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство изјави дека никој во моментов не може да предвиди колку ќе трае пандемијата со корона вирусот, ниту колкави ќе бидат на крајот штетите врз стопанствата, но она што сега може да се направи е земјата да се подготви најдобро што може за периодот по кризата. Делегацијата на германското стопанство веќе две децении ги застапува интересите на Унијата на германските комори за индустрија и трговија, а рамки на оваа асоцијација е и Македонско-Германското стопанско здружение кое со своите 202 компании-членки е најголема билатерална бизнис асоцијација и е надлежна за економската соработка со македонскиот најголем и најзначаен трговски партнер – Германија.
Пораката на Мартенс е јасна и прецизна – да се насочиме кон шансите и да работиме на надминување на слабостите, за да може во периодот по корона кризата да се носиме со земјите конкуренти во привлекувањето странски директни инвестиции и во влегувањето во синџирите на снабдување.

Целата колумна на Мирче Адамчевски за Независен на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e