Јовановиќ: Заев не живее во митологија, туку живее во реалност, води добра, сериозна, реалистична и државничка политика

Прво беше Зеколи, а после него доаѓа и Ванковска. И таа госпоѓа-професорка го плука Заев со следниве зборови: морон, глупак, вожд.

Секоја добра работа има илјади мани, почитувани пријатели. Па така и Заев. Точно е, јас сум голем поддржувач на Заев, точно е и тоа, јас сум апологета на Заев, а еве, ќе ви кажам и зошто.

Заев не живее во митологија, туку живее во реалност. Притоа, јас мислам дека тој човек води добра, сериозна, реалистична и државничка политика. Причината зошто многу луѓе ме земаат на ѓон е таа што јас за таквата политика зборувам јавно, а не во некаква затворена “елитна” група. Зборувам јавно бидејќи Заев се залага за модерна и проевропска политика.

Денес да се биде објективен и реален за оценката на Заев воопшто не е лесна работа. Многу гадна интелектуална елита сее зло на медиумската сцена (Зеколи и Ванковска се само капки во барата од крокодили), многу енергија и патолошка омраза е создавано во медиумите и формирање на негативни полови. Таквата оставштина ни остана од Груевски: удри по Заев, и удри и удри.

Притоа, многу јавни актери играат така на сигурно. Повторуваат бескрајни мантри и флоскули, така играат за својата публика, односно играат за таборот на кој му припаѓаат – заради ефтин ефект и сигурен аплауз.

Заев во последните три години во ниедна стратешка цел на државата не погреши. И не само тоа, тој денес, и во овој контекст е квалитетна личност, партија и движење, единствена сила што ја врзува Македонија да ги реши сите нејзини билатерални спорови со комшиите, стане дел од НАТО и стане дел од ЕУ.

За некои, овие мои зборови се бласфемија од невидени размери, ама сигурен сум не и за оние кои имаат два грама мозок во главата.

Затоа мислам дека на секој функционер, интелектуалец или јавна личност на кои Македонија во Европа им е во срцето, наместо да бидат дел од толпата за линч, треба да го поддржат Заев во неговата политика за европска, модерна и очовечена Македонија.

Се додека Заев вака работи, движејќи се во политичкото поле разумно, мудро и со визија за сите, јас немам никаков проблем да бидам наречен Заевиот бот, Заевиот јуришник или Заевиот апологет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e