Јовановиќ: Заев и кога не е тука, тука е

Видете вака, пријателчиња. Заев заминува. Што може да остане? Ако не се нашите “китајгороди” (антиевропјани) и “еуромахала” (еуроентузијасти) желни за што побрза борба за државниот плен, може да остане политиката на толеранција, а тоа е “Едно општество за сите”; може да остане дијалогот, односно иницирање на разговор и дијалог, но не острастен и дивјачки како до сега, туку нормален и пристоен разговор на луѓе и актери во политиката кои се надеваат дека оваа земја еден ден ќе влезе во Европскиот елитен клуб.
Може да остане грижата за луѓето, покачувањето на плати, подобрувањето во здравството и образованието, мултикултурата, пријателството, добриот и питом збор. Тоа може секој да го прави, да афирмира и поттикнува. За тоа Заев не ви треба.
Заев заминува, што не треба да остане, ќе прашате? Не треба да останат оние кои додека беше Заев власт, правеа се’, го подриваа и рушеа, му подметнуваа “точкови на револуцијата”, за денес да го оплакуваат, да паѓаат во душевен амок.
Тоа е мое скромно (и лаичко) мислење.
И имајте на ум дека отсуството во политиката е присуство.
Заев може да испие кафе – а тоа ниеден политички актер не го може во земјата – со стотина илјади луѓе во секој момент во денот. Само ако му “прохте” (односно ќефне).
Така што, Заев и кога не е тука, тука е, ако ме разбирате што сакам да кажам.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e